CV ДЕТАЛИ НА ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

Никола Сапунџиев

Никола Сапунџиев e Помлад Правен Советник во МЕНС ЛЕГИС. Тој се придружи на фирмата во 2017 по магистрирањето во областа на трговското право, со фокус на финансиските аспекти на друштвата со ограничена одговорност.

Неговото примарно поле на стручност се состои во основање трговски друштва, спроведување на промени во трговски друштва, административни постапки пред државни тела и институции, советувања за работни односи, лиценцирање на правни и физички лица, подготовка на правни мислења и правна документација и друго.

Говори англиски и српски јазик.