+389 2 3109 222
  mlegis@t.mk
  Пон. - Пет. 08.00 - 16:30

ДОБРЕДОЈДОВТЕ
МЕНС ЛЕГИС

Првата ПРАВНА ФИРМА во Северна Македонија

МЕНС ЛЕГИС

МЕНС ЛЕГИС е првата правна фирма во Република Северна Македонија, основана во февруари 1995 година, со седиште во Скопје и канцеларии со кој соработува во Њујорк, Лондон, Париз, Рим, Милано, Берлин, Москва, Брисел, Атина, Дубаи, Софија, Тирана, Торонто, Стокхолм, Монте Карло и др.

Препораки

УСПЕШНО ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ ОД СТРАНА НА ТИМОТ НА МЕНС ЛЕГИС®

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ СЕКТОР:

Обезбедивме сеопфатни правни и консултантски услуги, правна длабинска анализа, одобрение за конкуренција, постапката на спојување и успешно затварање на трансакцијата помеѓу македонските телекомуникациски оператори ONE и VIP. Клиент: Telekom Slovenije d.d.. Обезбедивме комплетна правна поддршка и советување на Telekom Slovenije d.d.. во целокупниот процес на истапување (exit call option). Вредност на проектот: 120 милиони евра.

Прочитај повеќе

ДРУГО

МЕНС ЛЕГИС континуирано обезбедува правно советување на голема меѓународна компанија во областа на организација на транспорт и шпедиција, која што влезе на македонскиот пазар и ги проширува своите активности. Ние го поддржуваме клиентот во сите аспекти на работењето и имплементирање на проектите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: основање на компанијата, директни инвестиции, опции за финансирање на бизнисот, работни односи и друго. Ние обезбедуваме правна поддршка на клиентот во сите сложени постапки на издавање на дозволи и одобренија потребни за спроведување на активностите, со цел да се избегнат било какви пречки, давајќи сигурност дека работењето на клиентот ќе се одвива беспрекорно.

ОСНОВАЧ

Г-ѓа Љубица Рубен

е-пошта: ljubica.ruben@menslegis.com.mk

Повеќе од триесет годишно искуство, кое опфаќа десет години како Директор на правниот сектор на компанијата "Центрохемија" Експорт—Импорт Скопје, три годишно искуство како новинар од областа на правото, а од 1989 до 2002 работи како адвокат. Во 1995 ја формира правната фирма МЕНС ЛЕГИС во која што моментално е водечки партнер и управител.

Активно работи на подобрување на бизнис климата во Република Северна Македонија и регионот преку учество во голем број проекти. Член е во работни групи за измена на закони, спикер, предавач, едукатор, организатор на семинари, автор на многу текстови во стручни списанија од областа на правото и експерт во областа на заштита на права од индустриска сопственост.



Дознај повеќе
Препораки
ВРАБОТЕНИ

ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ