CV ДЕТАЛИ НА ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

Андреј Белчовски

Андреј Белчовски е Помлад Партнер во правната фирма МЕНС ЛЕГИС, со положен правосуден испит. Во 2013 година се стекна со титула Магистер по деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Специјализиран е за правни услуги во областа на странски инвестиции, спојувања и преземања на правни субјекти, правни длабински анализи, трговско право, корпоративно управување, облигациони односи, работни односи, животна средина и интелектуална сопственост.

Неговото искуство во МЕНС ЛЕГИС вклучува советување на голем број на клиенти меѓу кои се: Telekom Slovenije-Slovenia, СИОЛ Скопје, DMM Draexlmaier, Net Connect-Romania, AVUS Worldwide Claims Service, Berkshire International Investments, Gazit Globe, Yin Yi Group и многу други.

Неговиот коавторски текст „Развојот на рударскиот сектор во Република Македонија“ е објавен во списанието Lawyer Issue.