CV ДЕТАЛИ НА ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

Филип Рубен

е-пошта: filip.ruben@menslegis.com.mk

Филип Рубен е Постар Партнер во МЕНС ЛЕГИС, со положен правосуден испит и застапник за заштита на правата од индустриска сопственост.

Тој се приклучи на МЕНС ЛЕГИС во Јануари 2008 година. Во годините поминати во МЕНС ЛЕГИС тој се стекна со искуство во различни правни области. Неговото примарно поле на стручност вклучува советување и услуги во однос на странски инвестиции, спојувања и преземања, корпоративно управување, правни длабински анализи, трговско право, конкуренција, инвестициски структури, финасии, недвижности и др.

Дополнително неговите активности вклучуваат подготовка на правни мислења, инвестициски договори, договори за заеднички вложувања, јавни-приватни партнерства и концесии, конкуренција и антимонополски постапки, како и многу други правни и консултантски услуги. Филип Рубен континуирано допринесува во Проектите на Светска Банка поврзани со законодавството на земјата.

Тој е долгогодишен советник на телекомуникациската компанија Telekom Slovenije за активностите во државата. Комплетното правно советување на Телеком Словеније вклучува правни длабински анализи, спроведување на спојување, како и затворање на трансакцијата помеѓу македонските телекомуникациски оператори ОНЕ и ВИП, кои го формираа вториот најголем телекомуникациски оператор во Македонија. Исто така, ја обезбеди целосната правна поддршка и советување на Telekom Slovenije низ целиот процес на спроведување на опцијата за излез од спојувањето, како и многу други правни и консултантски услуги на секојдневна основа.

Правен советник на странска компанија за шпедиција која ги проширува своите активности во регионот како и во Северна Македонија. Г-дин Рубен го советува клиентот за сите аспекти во однос на влегување на пазарот на Северна Македонија и спроведување на Проектите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: основање на компании, финансии, директни инвестиции, можности за финансирање на бизниси итн. Советување на клиентот за сите комплексни постапки за добивање на потребни лиценции и одобренија за започнување со активност со цел да се одбегнат било какви пречки и да се обезбеди непречено и беспрекорно одвивање на бизнисот.

Целосна правна поддршка во успешно завршениот проект поврзан со автомобилската индустрија, односно спроведувањето на правна длабинска анализа и превземањето на фабриката ARC Macedonia специјализирана во производство на воздушни перничиња. Тој учествува и во многу други проекти од технолошките индустриски развојни зони.

Исто така, како дел од тимот на МЕНС ЛЕГИС низ годините многу успешно советува и дава правни услуги на многу други клиенти од различни индустрии, како што се EBRD, Deutsche Bank, SIEMENS, FIAT Group – Italy, CHRYSLER LLC, Draexlmaier, Bombardier – Canada, Gazit Globe Israel, AVUS worldwide claims service, Hongte - PR China, TRAFITALIA SRL – Italy, Berkshire International Investments-UK, Colmobil Corporation – Israel, Triglav – Slovenia, Atlas Copco – Czech Republic, MP Asset Management INC – Slovenia, и многу други.

Течно говори англиски, српски и хрватски јазик.