ВРАБОТЕНИ

CV ДЕТАЛИ НА ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

Г-ѓа Сања Велјановска е помлад партнер во Менс Легис. Нејзиното примарно поле на експертиза вклучува советување на корпоративно управување, финансии, оданочување, работи со недвижнини, договорно право, закон за трговски друштва, спојувања и превземања. Таа е важен добринесувач на повеќе меѓународни списанија и проекти како Корпорејт Интел, ИФЛР, Проект за Дуинг Бизнис на Светска Банка и други.

Таа се придружи на МЕНС ЛЕГИС во 2004. Помеѓу клиентите која таа ги советуваше се: Г-Македонија АД Скопје, Газит-Глоуб; РВЕ Германија за време на приватизацијата на компанијата за дистибуција на електрична енергија ЕСМ, компанијата за осигурување ТРИГЛАВ за купување на Осигурителната Компанија Вардар АД Скопје; Мрежа за Глобална Комуникација-УСА; Беркшир Интернешенел Инвестментс Македонија-Компанија создадена од Еуропиан Естејтс Лимитед од Велика Британија; "Бомбардие Аероспејс" Канада, Кооперативна Централа Рајфајзен-Беренлеенбанк Б.А. и ИНГ Банк Н.В за Договор за Олеснување со Митал Стил Компанијата; СЕНКАП С.А. Грција, Фрешфилдс; ЕМИТ Еркол Марели-Италија и други.

Нејзиното претходно искуство вклучува работа како Правен експерт на проект финансиран од ЕУ менаџиран од ЕАР-Приближување на трговска легислатива каде што таа учествуваше со нејзината правна експертиза во подготвување на Законот за стечај и друга легислатива. Таа исто така беше Асистент Правен Застапник на УСАИД/Делоит на проектот за корпоративно управување и Закон за Трговски Друштва, учествуваше во подготовка и имплементација во Македонскиот Закон за Трговски Друштва и имплементација на корпоративното управување во Македонските компании.

Исто така работи на подготовка на правни мислења, длабински правни анализи, инвестициски договори и други активности.


Г-ца Јана Никодиновска е помлад партнер во Менс Легис. Таа е дипломиран правник на Правниот Факултет во Скопје и Магистер по деловна администрација на Сити Колеџот, Меѓународен Факултет на Универзитет Шефилд во Солун. Таа е специјализирана во корпоративно и деловно право, јавни-приватни партнерства, концесии, тендерски постапки, рударство, енергетика и инфраструктурни проекти. Јана Никодиновска има советувано добро познати компании во нивните инвестиции во Македонија во однос на македонската деловна пракса и законодавство. Во склоп на магистерската теза има истражувано на тема: Теорија на Комплексноста – Примерот на Република Македонија.

Претходно работно искуство на проекти финансирани од страна на ЕУ за приближување на македонското законодавство со стандардите на ЕУ. Во МЕНС ЛЕГИС работела на различни проекти за домашни и странски компании: Советување на Газит Глоуб Израел и нивната подружница во Мкаедонија Г-Македонија АД Скопје, ТЕЛЕКОМ Словенија за купување на мобилниот оператор во Македонија КОСМОФОН, Сименс, БСП Соутх Поле Словенија, МП Асет Менаџмент Инк. Љубљана, Беркшире Интернатионал Инвестментс ДООЕЛ Скопје и многу други. Јана Никодиновска беше советник на канадската компанија ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС за инвестицијата во најголемиот рудник на злато и бакар во Македонија, во поглед на превземањето на компанијата ФЕЛПС ДОЏ ВАРДАР и во постапката на доделување на концесии за експлоатација на минерални суровини, обезбедувајќи правна подршка на нивното работење во Македонија на дневна основа.

Исто така работи на подготовка на правни мислења, длабински правни анализи, инвестициски договори и други активности.

Г-дин. Филип Рубен е помлад партнер во Менс Легис. Тој е експерт во областите на трговски друштва, странски инвестиции, недвижности, јавни набавки- тендерски постапки и др. Тој има 5 години работно искуство во МЕНС ЛЕГИС.

Поголеми проекти во кои Г-дин. Филип Рубен има искуство: правно советување на Телеком Словеније д.д. Република Словенија во успешното преземање на OTE MTS Holding B.V. Netherlands и неговите подружници КОСМОФОН услуги за мобилна телефонија АД Скопје и ГЕРМАНОС ТЕЛЕКОМ АД Скопје. Клиент: Телеком Словеније д.д. Република Словенија.

Советување на EUROMAX RESOURCES Canada за време на сите фази во нивното инвестирање во Р. Македонија во врска со најголемиот рудник во Р.Македонија за бакар и злато - Иљовица, преземањето на друштвото ПД Вардар ДООЕЛ, постапката за добивање на концесија за експлоатација, како и советување за секојдневното работење на друштвото.

Г-дин. Рубен исто така ја советуваше израелската компанија GAZIT GLOBE во врска со купопродажбата на старата фабрика Алумина АД во стечај, како и за секојдневното работење на нивната компанија во Р. Македонија (Г-Македонија АД Скопје)

Член на тимот кој ја спроведе длабинската анализа и го подготви извештајот за длабинската анализа на ЕМО АД Охрид, за потребите на конзорциумот составен од турските компании PALET INSAAT CONSTRUCTION AND TRADING CO INC.; METALSAC TICARET VE SANAYI A.S and DALKIRANLAR YAPI TAAHUT VE SANAYI ve TICARET A.S.

Позначајни клиенти кои ги има советувано се: Bombardier Aerospace Canada; Deutsche Bank AG; IKEA Supply AG; Colmobil Corporation – Israel; SIEMENS Greece; SIEMENS Hungary; BSP SOUTH POOL Slovenia; MP Asset Management Inc Ljubljana, Slovenia; Berkshire International Investments DOOEL Skopje; G-Macedonia AD Skopje, како и многу други.

Други активности вклучуваат подготовка на правни длабински анализи, правни мислења, инвестициски договори, договори за заедничко вложување, постапки за концентрација како и многу други правни и консултантски активности.

Г-ѓа Јасна Лековска има диплома по право и е магистер по кривично право и криминологија, таа е во моментот на докторски студии на Правниот факултет - странски инвестиции и кривична одговорност. Таа има широк спектар на искуство во странски инвестиции, кривично право, корпоративното право, имотно право, недвижности, концесиите и рударството. Претходно таа беше адвокат.

Советување на EUROMAX RESOURCES Canada за време на сите фази во нивното инвестирање во Р. Македонија во врска со најголемиот рудник во Р. Македонија за бакар и злато - Иловица, преземањето на друштвото ПД Вардар ДООЕЛ, постапката за добивање на концесија за експлоатација, како и советување за секојдневното работење на друштвото.

Член на тимот кој ја спроведе длабинската анализа и го подготви извештајот за длабинската анализа на ЕМО АД Охрид, за потребите на конзорциумот составен од турските компании PALET INSAAT CONSTRUCTION AND TRADING CO INC.; METALSAC TICARET VE SANAYI A.S and DALKIRANLAR YAPI TAAHUT VE SANAYI ve TICARET A.S.

Позначајни клиенти кои ги има советувано се: GAZIT GLOBE ISRAEL, BERKSHIRE INTERNATIONAL INVESTMENTS DOOEL SKOPJE, BSP South Pool Slovenia, BSP South POOL DOOEL Skopje, G-MACEDONIA AD Skopje, Elmak - Elbit Sistems Makedonia DOOEL Skopje, Ephoka-MK DOOEL Skopje, Antech INC.San Diego, ANTECH BRENCH OFFICE, EMIT – Italy, HEC 408 DOOEL Skopje, SIEMENS Greece како и многу други.


Г-ца Татјана Петровска е Помлад Правен Советник со диплома по право од Правниот Факултет во Скопје, Јустинијан Први.

Нејзиното искуство во МЕНС ЛЕГИС вклучува обезбедување на правни услуги за корпоративното уредување, Законот за трговски Друштва, недвижности и друго. Таа има значително работно искуство, главно работи со меѓународни клиенти во текот на постапката за комплетната реализација на инвестициони проекти.

Главен проект во кој Г-ца Петровска учествува е советувањето на EUROMAX RESOURCES LTD од Канада на секој дневна основа во врска со концесискиот проект за најголемиот рудник за бакар и злато во Р. Македонија- Иловица, како и давање на други правни и консултански услуги.

Член на тимот кој ја спроведе длабинската анализа и го подготви извештајот за длабинската анализа на ЕМО АД Охрид, за потребите на конзорциумот составен од турските компании PALET INSAAT CONSTRUCTION AND TRADING CO INC.; METALSAC TICARET VE SANAYI A.S and DALKIRANLAR YAPI TAAHUT VE SANAYI ve TICARET A.S.

Позначајни клиенти во кои Г-ца Петровска ја даде својата експертиза се:советување на ЕПХОКА МК ДООЕЛ Скопје, советување на Г-МАКЕДОНИЈА АД Скопје, основање на Друштвото за производство, трговија и услуги ТЕМНО СОНЦЕ експорт – импорт ДООЕЛ Скопје, и многу други активности вклучувајќи подготовка на правни мислења, длабински правни анализи, договори за соработка, договори за доверливост и многу други правни и консутантски активности.


Г-ца Александра Билбиловска е Помлад правен советник со диплома по право од Универзитетот на Југоисточна Европа. Нејзиното претходно работно искуство вклучува работа како приправник кај Адвокат.

Нејзиното искуство во МЕНС ЛЕГИС вклучува подготовка на детална правна анализа за Друштвото "АГРОКУМАНОВО" АД Куманово, работа на "Doing Business 2013" извештајот за регистрирање на недвижности во Република Македонија, проект од Светската Банка, советување на EUROMAX RESOURCES Canada во врска со нивното инвестирање во Р. Македонија во најголемиот рудник во Р.Македонија за бакар и злато - Иловица, спроведување на постапка за купопродажба на ДОО, како и обезбедување на правни услуги за корпоративно уредување, деловно право и други.

Други активности вклучуваат подготовка на правни длабински анализи, правни мислења, инвестициски договори, и други правни и консултантски активности.


Др. Виктор Рубен е специјалист по Медицинско право. Експерт е по здравствена заштита и регулативи во медицинското право.

Г-дин Рубен ги следи најновите дополненија во медицинската легислатива и развој во медицинското право. Обезбедува анализи, коментари и мислења во врска со многу прашања кои се битни за развојот на оваа област од правото.


Г-дин Ремон Рубен работи како консултант за маркетинг во МЕНС ЛЕГИС од 2004 година. Тој е одговорен за промовирањето и односите со јавноста на компанијата на македонскиот пазар и ширум Светот.

Г-дин Рубен поседува знаење од областа на бизнисот фокусирајќи се на прашањата поврзани со маркетинг. Сручњак е во областа на маркетингот и комуникациите.


Г-ѓа Даниела Стевковска се приклучи кон Менс Легис во 2007. Нејзино поранешно искуство вклучува работење во МДЦ Консалтинг и СЕАФ инвестициски фонд - Македонија. Таа е одговорна за книговодствените, банкарските и тековните канцелариски активности.




МЕНС ЛЕГИС е фирма со докажан успех и високо искуство која обезбедила длабински услуги за традиционалните делови на правото и како актуелна за промените на Македонскта правна средина.

Тимот на фирмата е подготвен да се обрати до единствените и зголемени потреби на национални и меѓународни клиенти преку личните услуги.

МЕНС ЛЕГИС е посветена на принципите на интегритет и доверливост да обезбеди брзи и сигурни услуги кон нејзините клиенти.
Покрај обезбедувањето на високо професионални правни мислења базирани на домашната правна регулатива исто така нуди гугестии и учествува во додавање и измена на домашната правна рамка со цел да се постигне најефективна правна форма за извршување на трансакции, во случаи каде што подготвувањето на Длабинска Правна Анализа се покаже дека е неефикасна и понатаму побарува потреба за нејзин додаток.

Многу закони, акти и регулативи кои беа изменети преку проекти кои се завршени до денес и базирани на иницијативата и предложените материјали од МЕНС ЛЕГИС.

насловна | основач | профил | клиенти | публикации | вработени | препораки | контакт
© 2008 Mens Legis ™ - Сите Права се Задржани
Design by Zonde